Денес министерството за здравство доби половина милион евра јапонска помош за набавка на медицинска опрема и реновирање во ЈЗУ.
Денес министерот за здравство, д-р Венко Филипче, заедно со амбасадорката на Јапонија, Н.Е Кеико Ханеда, и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи, посетија неколку здравствени установи, каде јапонската влада додели грант за зајакнување на капацитетите со опрема и реконструирање на јавните здравствени установи.
Покрај Клиниката за дигестивна хирургија, со Програмата на јапонската влада „Грант – помош за поддршка на мали проекти за човекова безбедност“ се опфатени и Клиниката за гинекологија и акушерство и Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле.
Речиси половина милион евра беа доделени на пет здравствени установи за набавка на медицинска опрема и реновирање. Со оваа голема донација ќе се подобрат условите и ќе се зајакнат капацитетите во здравствените установи, онаму каде што е потребно