25-ти Ноември е интернационален ден за борба против насилството врз жените, овој ден е за да се подигне свеста во светски рамки против акти како што се: силување, домашно насилство, како и други форми на насилство врз жените. Овој ден е обележан како ден за борба против насилството врз жените и е започнат да се обележува врз база на порачаните убиства врз Мирабал сестрите во 1960-та година. Мирабал сестрите биле Доминикански политички активисти кои биле убиени по порачка на доминиканскиот диктатор Рафаел Труиљо кој владеел со Доминиканската република од 1930-тата до 1961-та година. Во 1981 -та година за прв пат е обележан како ден за борба против насилството врз жените, а дури во 1999-тата година е официјално запишан како датум и што означува во светски рамки во Обединетите Нации.
Денес е меѓународниот ден за борба против насилството врз жените. Бројните светски медиуми јавуваат дека фамилијарната куќа е најсмртоносното место за жените. Статистиките покажуваат дека во регионот убиените жени спрема бројот на жители е значително поголем отколку во западните земји како Германија или Австрија.
Какви се тие мажи кои дигаат рака на својата сопруга или девојка? Психолозите велат дека тоа се луѓе од сите слоеви во општеството, кои настапуваат изолирано. Тие се луѓе кои се љубоморни, немаат доверба во партнерот, или, пак, имаат проблеми надвор од домот, па својот бес го искажуваат врз своето семејство.