Ви пренесуваме дел од состојбата во која се наоѓа клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Додека министерот заборава пациенти, болните умираат бидејќи не им даваат лекови, градот Скопје и градоначалникот ги зголемуваат паркинг картите за 2,5 пати од сегашната цена за сите вработени на клинички, додека докторите протестираат, министерот Филипче го „средува“ сообраќајниот хаос и специјализантите не земале плата од Септември, додека сите овие работи и многу повеќе се случува позади вратите на клиничкиот центар, пред неговите врати, во подрумските простории, во пролазите и секој друг дел од клиничиот центар смет, ѓубре и отпад се трупа на купишта, министерот секојдневно поминува и го гледа и од толку често што му е пред очи полека исчезнува и како да не постои, не го приметува.
Погледнете и вие што нашите добри пријатели кои секојдневно крстосуваат низ клиничкиот центар ни пратија како слики на кои министерот повеќе не ги гледа ниту купиштата ѓубре ниту пак ги приметува.