Пред неколку дена министерот Филипче беше во посета на Домот за деца без родители „11 Октомври“ и Домот за деца со воспитно социјални проблеми „25 Мај“ каде што наместо заедно со неговата колешка Царовска да обезбедат подобри услови за живот таму, и децата од таму да не се мета на секојдневни напади и да ги злоставуваат тие се сликаа само. Имено на својата ФБ фан страна Филипче објави слики како заедно изработувал со децата новогодишни украси, честитки. Немаше пакетчиња, претстави, барем за миг да се види насмевка на овие деца. Туку само министерот ги искористи за некој политички поен сликите.
За да се оправда пишувањето на овој текст имено да се потсетиме дека во текот на своето министерување, Венко Филипче немаше слух за болните деца. Додека граѓаните организираа хуманитарни акции за да се соберат парични средства за да се излекува некое дете во странство, тој потпишуваше тендери во 4 очи со неговата позната невладина организација.
Се организираа бројни активности и акции, се превземаа за собирање средства за лекување на 15 годишната Сара Настеска на која и беше дијагностициран „Anemija Aplastica“ кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот. Низ цела држава се поставуваа штандови, во секое кафуле, се одржуваа забави, дури и Зоолошката градина организираше парите од билетите да одат како дел од донација за младата Сара. Среќа девојчето остана живо благодарение на хуманоста што се уште постои кај граѓаните на оваа држава.
Ниту со прст мрдна да се залага за проектот кој го вети неговиот премиер. „Ќе формираме Фонд за финансирање на лекувањето во странство на деца до 18 години кој ќе мора итно да ги носи неопходните одлуки, ослободени од политички и министерски притисоци. Така лекувањето на децата во Македонија нема да зависи од хуманоста на нејзините граѓани“– ова стои во таканаречената програма “План за живот“ на СДСМ на страна 142, а се однесува на сите оние на кои им е потребно лекување во странство. Ветување кое го даваше Зоран Заев секојдневно за време на кампањите за парламентарни и локални избори, но како и сите други ветувања и ова се заборави.
Наместо со сликање на деца да зема политички поени, Филипче го советуваме да ја отвори страната donacii.mk и да види колку деца чекаат од хумани луѓе да им помогнат затоа што не се во можност да ги платат своите болнички лекувања во државава и во странство. Можеби така ќе ја оправда довербата која му ја дадоа граѓаните, нека донира за да се излекува некое болно детенце.