Неколку дена претходно министерот Филипче, најавуваше и збореше за епидемијата од Морбили, се појавија неколку случаеви на заразени дечиња во градинката во Радишани, при што градинката беше затворена.
Во текот на вчерашниот ден министерот Филипче најави и објави епидемија на морбили на територијата на Скопје. Освен тоа што најави епидемија на морбили тој прогласи отворена војна против сите родители, им го одзема правото на родителите да одлучуваат за своите дечиња. Имено Филипче прогласи дека ниту едно дете кое не е вакцинирано од вакцината за Мали сипаници, Рубеола, Заушки или скратено МРП, нема да биде во можност да посетува градинка или настава да оди во училиште иако тоа право на секое дете му е загарантирано со уставот и законот за образование во Р. Македонија.
Од кога тоа Филипче стана мал господ? Кој му го даде правото како министер да се става над законот за образование, да го крши уставот, протоколите и начините на нормално функционирање на правниот систем и да одлучува, малтене да ги приморува сите родители на кои децата не им се вакцинирани да ги вакцинираат со вакцина МРП во спротивно нема да ги примат во градинките односно училиштата? Нека објасни Филипче кој му го даде тоа право? – прашуваат по социјалните мрежи родителите во гнев.
Можеби сите родители немаат каде да ги остават децата да престојуваат ако сеуште идат во градинка за да може тие да се појават на работа ако нивното дете не е вакцинирано од МРП вакцината. А причини поради кои може да не е вакцинирано детето може да има безброј:
- детето да не е во добра здравствена состојба за да може да ја прими вакцината, па се пролонгира примањето на вакцината,
- може да родителите одлучиле да не го вакцинираат детето со оваа вакцина,
- може родителите да се уплашени од вакцината МРП, бидејќи читајќи за оваа вакцина се збори дека кај одреден број на деца предизвикува аутизам,
- може детето да имало операција или повеќе месеци да е болно врзано за постела или со скршеница, па да не може да ја прими вакцината?????
Што не мора да значи сега министерот Филипче кажал мора или ќе горите и сите да летнат да се вакцинираат, односно да ги вакцинираат своите дечиња. На тој начин може да се предизвика контра ефект и да се предизвикаат голем број на несакани ситуации како за детето така и за родителите!!!!
Што правиме со сите вакви ситуации каде министерот Филипче ги условува родителите со сила да ги вакцинираат своите деца и да ги изложат при тоа на ризик да развијат или останат во понатамошниот раст со пречки во развојот или од друга страна да дадат отказ од работното место и да останат дома да ги чуваат своите деца. Бидејќи министерот за здравство не дозволува да идат на школо невакцинирани, министерот Филипче од министер изгледа прераснал во божество и го користи своето Божествено право да ги условува или да им диктира или да ги остави без работа 15 илјади домаќинства во Скопје.
Оваа власт успеа за секој обичен граѓанин да обезбеди 500 евра основна плата и прекрасен живот, па сега почнува и продолжува министерот Филипче со разубавување на одредени сегменти од живеењето на обичните граѓани и загрижени родители во Скопје.
Каде е Филипче да објасни ако и од кого добил право да одлучува за сите родители на ниво на главниот град? Дали он ќе им обезбеди сместување на децата кои нема да бидат примени во градинка за нивните родители да не ги избркаат од работа? Како ќе им надокнади на тие деца што нема да може да посетуваат настава во училиштата додека Филипче си игра ГОСПОД, како ќе ги обештети нивните родители што на нивните деца им е ускратено правото според закон што им е загарантирано, да посетуваат настава, да бидат дел од едукативниот систем во Македонија? – потсетуваат родителите на социјалните мрежи
Каде си Филипче овие работи да ги објасниш, лесно е да кажеш нешто и потоа да се криеш во кабинетот? Или ова е само уште една игра со јавноста и граѓаните, условувањето од потреба за набавка на количина на МРП вакцини кои пак ќе бидат со потекло и производител сомнителен, ама на крајот пак е битно што некој ќе стави во џеб? Каде лежи вистината? – прашува јавноста, прашуваат македонските граѓани, кои имат дечиња. До каде ќе се оди со овие лудости?