Скандалите во здравството не стивнуваат според неофицијални податоци кои кружат по социјалните мрежи имаме недостиг на одредени вакцини. Имено додека министерството апелира да се вакцинираат децата, вакцини нема, пренесуваат медиумите. Граѓаните од општина Аеродром веќе неколку денови се жалат дека во поликлиниката „Јане Сандански“ нема шестовалентна вакцина Д-Т-П• ХИБ• ХЕП Б• ПОЛИО.
-Утрово го донесовме нашето дете да ја прими третата поливалентна вакцина, но од поликлиниката ни рекоа дека немаат, односно дека се уште не ги добиле вакцините од тој тип. Ни земаа податоци и ни рекоа дека кога ќе добијат ќе не побараат, вели една мајка на осуммесечно дете.
Министерството за здравство треба да одговори на граѓаните, зошто навремено не ги набавиле, односно зошто има недостаток на овие вакцини.