Двојни аршини, едно се кажува пред јавноста, народот во паника, друго се презентира на дело. Јавноста поаѓајќи од овие показатели започна да се двоуми во однос на изјавите дека министерството за здравство и министерството за образование се координирани, дека децата нема да биде проблем да идат во училиште иако не се вакцинирани, дека родителите имаат право на избор, кога всушност на дело се случува нешто сосема поинаку.

Родители со кои разговаравме изразија загриженост и ни ги посочија нивните примери како доказ дека едно се кажува друго се применува во праксата.

Во изминатиот период во министерството за здравство биле повикани 130 родители кои лани не ги вакцинирале своите деца и преку методи на заплашување, санкции и глоба истите се приморани или се условени да ја платат глобата од 300-650 евра која им е изречена, како и да ги вакцинираат своите деца и покрај тоа што одлучиле да не сторат тоа.

И покрај податокот дека во текот на вчерашниот ден беше изјавено од заменик министерот за здравство, Гоце Чакаровски –  дека родителите имаат право на избор. Народот и родителите се прашуваат, воедно и го поставуваат прашањето, кој е изборот, каков е изборот?

Доколку родителите не ја платат казната и не ги вакцинираат своите деца ќе бидат однесени на суд, тужени од државата и кој ќе биде исходот од тоа, кога „кадија те тужи, кадија те суди“ родителите во затвор, децата вакцинирани спротивно на одлуките на нивните родители, како функционира овој хаотичен систем во здравството никој не знае, кога на крајот стапот повторно е по нас и немаме право на избор, некој друг одлучува за нашите деца, како е тоа возможно – изјавија родителите со кои разговаравме.

 

Податоците покажуваат дека во последно време родителите во урбаните средини помалку ги вакцинираат своите деца. Поради тоа опфатот на имунизацијата последниве години опаѓа и ја внесе Македонија во групата на високоризични земји за ширење на заразни болести, но тоа не значи дека со условување и закани ќе се крене овој процент, потребни се кампањи за свесност, работа и ангажираност на министерството, посочија неколку доктори од клиничкиот центар.

Од министерството појаснуваат дека вакцинирарањето значи заштита на сопствените деца од заразни болести и заштита на нивното здравје од тешки последици и апелираат за задолжителна редовна имунизација.