Во нашата редакција пристигнаа информации од родители кои биле да ги вакцинираат своите деца во текот на денешниот ден. Состојбата која што ја затекнале и ни ја посочија е дека во моментот на нивното пристигнување во поликлиниката БитПазар била отворена последната кутија со вакцини за морбили.
Персоналот кој бил присутен таму им ја соопштил состојбата и го вакцинирале детето.
Со ова се наметнува прашањето, доколку во ек на епидемија на територија на цела Република, при прогласување на состојба каде треба да се вакцинираат и вработените по клиниките, ако во таква ситуација нема доволно или има снемано вакцини за морбили за тие што сакаат да се вакцинираат, имаат потреба или се по распоред да се имунизираат, што тогаш ќе правиме со персоналот, докторите, медицинските сестри и болничари, како и со што нив ќе ги вакцинираме ако вакцини нема.
Клиниките и пунктовите за имунизација и во Прилеп и во Кичево ни потврдија од неофицијални извори, вработени во овие институции кои се плашеа официјално да зборат, дека нема вакцини за морбили доколку некој сака или треба да се имунизира.
Освен ова катастрофална е работата и со почитување на законот и процедурата за имунизација на докторите и медицинскиот персонал. За да може истите во екот на епидемијата да биде вакциниран, тоа не може да го направат на обичен вакцинален пункт, туку за медицинските лица е задолжен Центарот за Јавно Здравје. Во Скопје, Прилеп и Кичево како и во Струмица во Центрите за Јавно Здравје нема вакцини одредени и определени за повторна имунизација на медицинските лица од морбили.
Уште по загрижувачки и застрашувачки е податокот дека докторите и медицинскиот персонал или дел од нив на клиниките во Скопје се вакцинирани по своите оддели или на обичен вакцинален пункт, без при тоа да се почитува никаква процедура. Доколку ваквите работи се случуваат во самото министерство за здравство, по неговите клиники со кои треба да раководи министерот Филипче, не се прати и почитува процедура, ништо чудно не е истата слика да се повторува и пресликува во начинот на однесување и во работата на самиот министер и владата од која тој е дел во моментот.
Со тоа само се зголемува недовербата на македонските пациенти, родители, деца, повозрасни граѓани кон државното здравство, клиниките, министерот и се поврзано со медицината во овој момент, но дали тоа е случајно така или некој намерно ги реди на овој начин работите времето ќе покаже. Ама постапките полека откриваат дека јавното приватно партнерство кое чука на вратата од секоја клиника не е случајно!
Процентот по вакцина за Филипче секој ден расте, до сега имунизирани над 19 илјади граѓани, но да излезе министерот и да објасни со постапките што сака да направи и во кој правец и во која провалија го носи македонското здравство, тоа го нема и не се случува, бидејќи за министерот Филипче македонскиот народ во република Македонија нема право на збор тој служи во моментот на најлошиот министер за здравство, Филипче, како обичен бел глушец врз кој само Венко заработува. Филипче на овој народ кои се негови пациенти, нечии мајки, татковци, браќа, сестри, деца мисли дека не должи никакво објаснување, токму затоа и вака се однесува. – се дел од коментарите по социјалните мрежи.