Најчести болести кои се поврзуваат со болката во стапалата се дискус хернија, деформитет на коските, скршеница, ишијас и тумор.
„Кај дискус хернија помеѓу четвртиот и петтиот лумбален пршлен (L4/L5), најчесто преоптоварен е коренот L5 така да болките во овој случај се јавуваат во внатрешниот дел, а кога дискус хернијата е присутна помеѓу петтиот и првиот сакрален пршлен (L5/S1) потфатен е коренот S1, така да, болката се јавува во надворешниот дел од стапалото“, кажува докторот Будимир Јешич специјалист за ортопетско-хируршки болести.
Почетнo оптоварување е во ‘рбетниот мозок и нервните корени, што предизвикува болка и вкочанетост, од тука болката преминува во лумбалниот дел од ‘рбетот, задникот, нозете па се до подножјето. За време на спиењето, болката најчесто не е присутна, но при одредена активност или пешачење болката се повторува.
„Со зголемување на физичката активност се зголемува и болката кај стапалата, додека пак при мирување таа целосно исчезнува. Доколку проблемот со ‘рбетот се отстрани потешкотиите во стапалата ќе ги снема“, додава тој.
Во некои случаеви пак, ако болестите во ‘рбетот не се спречат на време, може да дојде до преголемо оптоварување на нервот во стапалата, а со тоа доаѓа до нивно трајно оштетување. Ако тоа се случи овој проблем преминува во рацете на специјалисти.
Освен што може да дојде до оштетување на стапалата, исто така понекогаш се појавуваат проблеми од сосема поинаков карактер.
„Тоа можат да бидат реума, дијабетис, васкуларни проблеми или деформитет на коските во стапалата… но тоа првенствено треба да се провери, за да се одреди соодветна терапија“, рече Јешич.