По краткотрајното мало освежување на времето кое е проследено со повремен локален дожд и појава на грмежи како и со умерен, повремено засилен ветер од западен и од северозападен правец, веќе на самиот почеток на месец Август нашата територија ќе биде зафатена од нов изразен Афрички бран кој ќе услови голем пораст на температурите на воздухот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 31 до 39 степени, во централните и во југоисточните предели истите се очекува да се искачат и до околу 41 степен. Времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево, само повремено и натаму ќе има услови за локална и краткотрајна нестабилност и тоа претежно на планинските места во државава.
УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА вредност и ќе изнесува 9 па така на граѓаните ги советуваме во најтоплите периоди од денот да се заштитуваат и да пијат многу повеќе течности, секако да се избегнува мрсната храна и да се јаде што повеќе зеленчук и овошје.