Без разлика дали станува збор за грчеви во стомакот, нагли промени на расположението, неконтролирана потреба за слатки или мачни главоболки, периодот на ПМС е дефинитивно најомразениот во месецот, за секоја жена. Сепак изгледа дека овие симптоми и не би биле толку тешки доколку главата престане да боли.
Скоро голем број на жени патат од силни мигрени за време на предменструалниот синдром, кои се најчесто предизвикани од промени во хормоните во нашиот организам. Тие обично почнуваат пред циклусот и траат до вториот или третиот ден. Кога нивото на естроген нагло ќе опадне, главоболката веднаш се јавува. Со пониско ниво на естроген, се намалува и толеранцијата на болка, па ние стануваме уште почувствителни на главоболката.
Овие главоболки често им претходат на симптомите како недостаток на сон и дехидрација на организмот. Ако сте склони на мигрени, тогаш докторите тврдат дека имате 60% шанса да патите и од ПМС главоболки. Нивниот интензитет знае да се качи до неиздржлива болки и обично ја зафаќаат едната половина од главата, од каде што се шират кон останатиот дел. Ако мигрената кулминира, таа може да биде проследена и со болки во желудникот, како и силна мачнина.
Според докторите, ако и вие минувате низ ова, тогаш постои начин да се подготвите за нив. Најдобрата превенција е квалитетен и здрав сон, здрава исхрана богата со витамини и минерали и добра хидратација на организмот. Тоа значи дека треба најчесто да внесувате и до 2 литра вода во организмот во текот на денот.
Ако овие превентиви не ја отстранат болката, тие треба барем да ја намалат. Во меѓувреме, додека да воспоставите поздрава навика, консултирајте се со вашиот доктор за лекови против болки бидејќи самата мигрена може да доведе до мачнина и дехидрација на организмот.