Скопјанката Дана Гапковска поставува јавно прашање до министерката за труд и социјала Мила Царовска.
Според неа декларативната заложба на Царовска за инклузивно општество е лажна затоа што преземените мерки се спротивни на јавните заложби на министерката.
“Само си зборуваме за инклузивно општество. Да ја прашам министерката Мила Царовска каква е таа инклузија кога на лица без нозе ( во количка) над 65 години со новиот закон што Вие го воведовте, им ја укинувате помошта за мобилност од 8.000 денари?!
Зар тие лица немаат право на достоинство? Знаете ли ние како семејство колкави трошоци поднесуваме?! Не сте осетиле како е Вашиот родител да биде беспомошен…… Срамота за Вас е што им кратите на оваа категорија на луѓе г-ѓо Мила Царовска!”, пишува Гапковска во врска со работата на Царовска.
На потег е министерката, да и одговори на Гапковска дали се срами од укинувањето на помошта за неподвижни лица над 65 години.