Понекогаш чувствуваме како да ни се случува нешто со телото, но речиси секогаш се убедуваме: „Ништо не ми е, само настинка е, алергија…“.

Понекогаш ова е вистина, но понекогаш тие мали знаци знаат да бидат и дел од нешто поголемо, некој поголем медицински проблем.

Затоа, важно е да внимавате на пораките кои ви ги испраќа организмот, посебно кога станува збор за проблеми со тироидната жлезда.

Можеби е мала жлезда, но доста важна и понекогаш знае да биде причина за сериозни здравствени проблеми.

12-znaci-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashata-tiroidna-zlezda-02.jpg

Како можете да препознаете дека нешто не е во ред со вашата тироидна жлезда?

Симптом бр. 1: Тажни сте или депресивни

Тироидната жлезда може целосно да го промени вашето расположение. Ако имате намалени количини на тироидниот хормон во организмот може ненадејно, без причина да се чувствувате тажни или депресивни.

12-znaci-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashata-tiroidna-zlezda-03.jpg

Симптом бр. 2: Констипација

Промените на тироидниот хормон исто така можат да предизвикаат и промени во варењето на храната.

12-znaci-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashata-tiroidna-zlezda-04.jpg

Симптом бр. 3: Почесто ви се спие

Сите ние понекогаш имаме проблеми да станеме рано наутро, но ако дојде до нарушување на функцијата на тироидната жлезда, може да дојде до забавување и на сите други телесни функции, па да ви се спие почесто во текот на целиот ден.

12-znaci-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashata-tiroidna-zlezda-05.jpg

Симптом бр. 4: Косата ви опаѓа, а кожата ви е сува

Ако кожата ве чеша, а не е зима, постои можност да имате хипотироидизам. Намалениот метаболизам доведува до тоа да се намали потењето, па и до опаѓање на косата.

12-znaci-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashata-tiroidna-zlezda-06.jpg

Симптом бр. 5: Ненадејно покачување на тежината

Немате никакви промени во исхраната, постојано вежбате и се обидувате да ослабете, но едноставно никако не можете да ја намалите тежината која за многу краток период ја накачивте – тоа може да биде знак за проблеми со тироидната жлезда.

12-znaci-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashata-tiroidna-zlezda-07.jpg

Симптом бр. 6: Немате интерес за сексуални односи

Ниските количини на тироиден хормон може да го намалат и вашето либидо.

12-znaci-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashata-tiroidna-zlezda-08.jpg

Симптом бр. 7: Болки во мускулите

Ако се удрите, нормално е да ве боли. Ако пробате некои нови вежби, исто така, нормално е да чувствувате болка. Но, ако без причина, мистериозно чувствувате болка во мускулите, за тоа може да биде „виновна“ тироидната жлезда. Недостатокот на тироидни хормони ги оштетува нервите кои испраќаат сигнали до мозокот.

12-znaci-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashata-tiroidna-zlezda-09.jpg

Симптом бр. 8: Брзо чукање на срцето

Ако ви се чини како срцето да пропушта неколку удари од време навреме, за тоа може да биде виновна тироидната жлезда.

12-znaci-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashata-tiroidna-zlezda-10.jpg

Симптом бр. 9: Се чувствувате изгубено

Големите количини на тироидни хормони можат да направат да ви биде тешко да се концентрирате, па дури и да почнете да заборавате работи.

12-znaci-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashata-tiroidna-zlezda-11.jpg

Симптом бр. 10: Висок крвен притисок

Ако имате висок крвен притисок, а ништо не ви помага да го намалите (исхрана, вежбање, па понекогаш и лекови), тоа може да биде знак дека треба да си ја проверите тироидната жлезда.

12-znaci-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashata-tiroidna-zlezda-12.jpg

Симптом бр. 11: Зголемен апетит

Тироидната жлезда кога одеднаш ќе стане помалку активна, почнува да ви се чини како да се менува вкусот на работите, па и апетитот ви се зголемува.

12-znaci-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashata-tiroidna-zlezda-13.jpg

Симптом бр. 12: Неудобно чувство во пределот на вратот и грлото

Тироидната жлезда е сместена во вратот, па нормално е да чувствувате болка во тој предел. Проверете дали можеби имате некакви промени во изгледот на вратот, грутки, па и грушавоста исто така, е знак на промени на работата на тироидната жлезда.

12-znaci-deka-neshto-ne-e-vo-red-so-vashata-tiroidna-zlezda-14.jpg