Сите знаеме дека јавните тоалети се извор на бактерии кои многу лесно може да се претворат во незгодни инфекции, но доколку мора да го искористите, правете го тоа безбедно и правилно.

Овие совети ќе ви помогнат да се заштитите од валканите површини:

1. Не се плашете да ги разгледате сите тоалети пред да влезете во еден

Ако има повеќе паравани, проверете ги сите. По непишано правило, тоалетот кој е најдалеку од влезната врата е секогаш најчист.

Сепак, ваше е да разгледате и да одберете кој ви делува најчисто. Нема од што да се срамите.

kako-najbezbedno-da-koristite-javni-toaleti-1.jpg

2. Не оставајте ништо на подот

Не ни помислувајте чантата да ја спуштите на земја. Подобро оставете ја некој да ви ја причува.

Подот единствено смеете да го допрете со чевлите, кои е препорачливо потоа да ги избришете или поминете со малку вода.

kako-najbezbedno-da-koristite-javni-toaleti-2.jpg

3. Носете си свои „навлаки“

Ако користите хартиени навлаки за заштита на школката, добро би било сами да си ги носите.

kako-najbezbedno-da-koristite-javni-toaleti-3.jpg

4. Пуштајте вода паметно

Од очигледни причини, има многу бактерии на копчето за пуштање вода, кое не сакате да го допрете со голи раце. Секогаш притискајте го преку тоалетна хартија, која веднаш ќе ја фрлите.

kako-najbezbedno-da-koristite-javni-toaleti-4.jpg

5. Мијте ги рацете со топла вода

Кристете сапун, топла вода и триење барем 20 секунди.

kako-najbezbedno-da-koristite-javni-toaleti-5.jpg

6. Сушете ги рацете со хартија

Не ги дувајте под апаратите со топол воздух.

kako-najbezbedno-da-koristite-javni-toaleti-6.jpg

7. Не ги допирајте кваките со голи раце

Исто како и кај копчето за пуштање вода, и во овој случај користете марамче или тоалетна хартија која потоа ќе ја фрлите во најблиската канта.

kako-najbezbedno-da-koristite-javni-toaleti-7.jpg

8. Имајте влажни марамчиња при рака

Не е тајна дека јавните тоалети често немаат никаква хартија на располагање. Затоа, ставете едно мини пакетче марамчиња во чантата или џебот.

kako-najbezbedno-da-koristite-javni-toaleti-8.jpg