“Што е можно повеќе зеленчук во исхраната” е правило што не важи и за компирите.

Поради количината на скроб во компирот, често се вели дека компирот здебелува, па затоа многумина сметаат дека е катастрофален за диета. Меѓутоа, еден варен компир со средна големина има само 160 калории, нула маснотии и нема холестерол.

Притоа, тој компир прилично ќе ве засити, а содржи по 4 грама протеини и влакна.

Проблемот се јавува ако компирот го исецкате и го испржите во длабоко масло, а потоа додадете многу сол. Ако сакате само повкусен оброк, прелијте ги варените компири со маслиново масло и зачинете со рузмарин.