Феноменот диети со супи и чорби го воодушевил светот, со оглед на тоа што можете да јадете колку сакате, а ќе изгубите 8-10 килограми за две недели. Звучи неверојатно, зар не?

Станува збор за диета која е позната како зелка диета од болница.

Имено, американските кардиолози на своите пациенти за слабеење пред поважни операции им препорачувале режим на исхрана која главно се состоела од различни супи и чорби од зеленчук. Во рок од 14 дена, пациентите симнувале и до 10 килограми.

Диетата со супа содржи многу малку калории, вкупно 35 калории. Супата е течност, а течноста како и водата, брзо го полни желудникот и дава чувство на ситост.

Најважно кај диетата е тоа што можете да јадете без ограничувања во поглед на количината или бројот на порции, секогаш кога сте гладни. Сепак, би требало да одржувате редовен режим на исхрана: појадок, ручек и вечера.

Кој е рецептот за оваа магична супа?

Во различни земји популарни се различни видови зеленчуци, па така и рецептите се различни. Сепак, главни критериуми кај правењето на оваа супа или чорба е да биде нискокалорична и да биде чорбеста.

Состојки:
  • 6 поголеми главици кромид
  • шака целер
  • половина средна главица зелка
  • една поголема зелена пиперка
  • конзерва домати