
Без разлика дали тоа ви се случило веднаш по сексуалниот однос или малку подоцна, постојат повеќе причини поради кои се појавува крвавење. Но, нема потреба да се грижите. Во продолжение ви ги претставуваме најчестите причини за оваа појава. Доколку препознаете некоја причина од оваа листа, најдобро е да се консултирате со вашиот доктор, особено доколку станува збор за инфекција.
Интензивен однос
Доколку за прв пат сте имале интензивен сексуален однос, постои можност да се направила раничка на вагиналниот ѕид која кравари.
Спирала
Постои можност работ на спиралата да го иритира грлото на матката за време на сексуалниот однос, при што може да дојде до крвавење.
Циклус
Доколку треба да добиете за неколку дена или пак, вашиот циклус само што завршил, крвавењето е возможно поради големата контракција на мускулите.
Вагинална инфекција
Габичните или бактериските инфекции можат да доведат до воспалување на грлото на матката, при што може да дојде до крвавење. Задолжително одете на доктор доколку имате болки, чешање или промена во секретот.
Контрацептивни таблети
Крвавењето после сексуалниот однос може да настане како несакана последица од контрацепционите таблети. На телото му е потребно и до неколку месеци целосно да се прилагоди на контрацепцијата, па благото крвавење не е ништо необично.
Сувост на вагината
Доколку нема доволно влага во вагината, со триењето за време на пенетрацијата може да се раскине ткивото на вагината, при што доаѓа до крвавење. Следниот пат користете лубриканти.
Сексуално преносливи болести
Овде сè е јасно, веднаш обратете се кај вашиот гинеколог – доколку се сомневате
Триглицеридите имаат значајна улога во развојот на болести на срцето и крвните садови
Врие од бактерии во скопските извори, бунари и чешми – Ешерихија коли најзастапена
Овие четири лоши навики предизвикуваат рак кај жените!
Излечете ја главоболката само со еден лист кисела зелка
Колку стресот може да влијае на здравјето на забите?
Црвениот кромид делува посебно лековито на срцето, еве зошто
Како да ги избелите забите за само една недела?
Како да разликувате настинка од грип
Исфрлете го секретот од белите дробови на природен начин
Јодот е најмоќниот природен антивирусен агенс
11 работи кои треба да ги знаете за царскиот рез – искуства од мајки
Дали и колку овошје е дозволено да се јаде?