Првата неформална групна пракса по семејна медцина СеМед е отворена во поликлиниката Букурешт, во Скопје.
Групната пракса e нов модел на организација на општата или семејната медицина која овозможува подобрување на услугите кои се даваат на пациентите.
Семејната медицина е медицинска специјалност која овозможува здравствена заштита на лицата од сите возрасти. Таа се однесува на примарната здравствена заштита и овозможува континуирана и севкупната заштита на индивидуите и фамилиите без разлика на возраст, пол, нарушувања и болести. Таа е базирана на пациентот во контекст на фамилијата и општеството, каде се вклучени превенција на заболувањата и промоција на здравјето. Според Светската организација на фамилијарни доктори, целта на семејната медицина е да овозможи персонална, сеопфатна и континуирана грижа на индивидуата во контекст на фамилијата и општеството.
Во рамките на групната пракса СеМед работат четири тимови од лекари и сестри кои ќе даваат услуги на пациенти од сите возрасти. Пацинетите ќе ги добиваат сите услуги покриени од страна на ФЗОМ.
Дополнително се организираат групни едукации за пациенти за превенција , промоција и менаџирање на хроничните болести. Стручниот тим во СеМед се наведува дека работи според најновите протоколи за работа и медицината базирана на докази. Oд СеМед истакнуваат и дека имаат и отворена листа за избор на матични лекари.