Уште недонесен законот со кој нема да се дозволи продолжувањето на работниот век до 67 години, се бараат начини да не важи за сите. Според предлогот кој е во подготовка, во пензија ќе мора да се оди со навршени 62 години за жени и 64 години за мажи. Целта, според премиерот Заев е да се ослободат работни места за младите кадри.
Но, во здравството каде што младите докотори се иселуваат, министерот Филипче вели дека ќе се бара начин можноста за продолжување на работниот век до 67 години да остане преку интервенција во Законот за здравствена заштита.
Според податоците на државниот завод за статистика, заклучно со јуни годинава во земјава имало 9.696 работници постари од 65 години. Продолжување на работа бараат обично кадри кои имаат добро платени позиции. Оттаму годишно за овие 9700 потенцијални пензионери, фондот ќе треба да издвојува неколку десетина милиони евра.
Ќе може ли ПИОМ да издржи ваков наплив на нови пенизонери. Премиерот Заев е уверен дека фондот е стабилен и дека пари има и за ново поголемо покачување на пензиите за сегашните пензионери.
Светска банка и домашните експерти сметаат дека за ПИОМ целосно да се стабилизира на долг рок најдобро решение е зголемување на старосната граница за пензионирање на 67 години старост.