Кога зборуваме за здравје и убавина, кокосовото масло е една од најкорисните природни состојки кои нудат многу здравствени предности. Тоа одамна е докажано и како многу корисно во козметиката.
Се додава во средствата за нега на лице, тело, нокти, но најголем ефект има во негата на косата. За да ја направите косата мека и мазна, подгответе маска од кокосово масло и мед.
Во чинија ставете две супени лажици ладно цедено кокосово масло и загрејте го во микровална 20 секунди. Додајте му 2 супени лажици мед и мешајте додека добиете воедначена смеса. Нанесете ја маската на малку навлажнета коса и оставете да стои 40 минути, па измијте ја косата со шампон. Користете ја оваа маска еднаш неделно и брзо ќе забележите фантастични резултати.