Многумина го знаат чувството кога во градите срцето ќе почне да чука забрзано и посилно од вообичаено. Постојат два едноставни трикови кои ќе ви помогнат да ја запрете. Но ако тахикардијата е проследена со чудна и силна болка во градите не треба да ги пробувате триковите туку веднаш да се обратите кај лекар.
При наглото намалување на температура човечкото срце почнува да чука успорено. На тој начин организмот се прилагодива на новите услови. Срцето најбрзо реагира кога ќе се излади лицето, бидејќи тоа му е најблизу од сите останати делови.
Затоа се препорачува следното:
Прв начин – во длабок сад ставете ладна вода. Колку е поладна водата, тоа е подобро, па затоа ако имате мраз додајте го и него. Задржете го воздухот, ако треба со прстите притиснете го носот и нагло спуштете го лицето во садот со ладна вода, на неколку секунди. Ако немате соодветен сад, земете вода во рацете и во нив спуштете го лицето. Исто така можете малку да го масирате лицето со коцки мраз, особено во делот околу слепоочниците.
Втор начин – со оваа процедура се дејствува на Vagus nerv познат како талкачки нерв, кој ги поврзува сите витални органи во организмот, вклучително и срцето. Техниката се изведува на следниот начин- вдишете длабоко и напрегнете ги стомачните мускули. Со палецот и показалецот затворете го носот, затворете ја устата и замижете. Пробајте така да издишете, без да ги отворате устата и носот, односно да се напрегнат стомачните мускули. По неколку секунди издишете.