Американски научници од Универзитетот во Ајова идентификуваа состојка во мајчиното млеко која се покажа ефективна против потенцијално опасни бактериски инфекции.
За разлика од антибиотиците, состојката наречена GML не делува против добрите бактерии, пренесува Scientific Reports.
GML е особено ефективен против бактериите Staphylococcus aureus, Bacillus subtilis и Clostridium perfringens.
Истражувачите додаваат дека производството на GML не е скапо, а планираат да го проверат ефектот од неговото додавање во детската храна и во кравјото млеко.
Мајчиното млеко содржи 200 пати повеќе GML од кравјото.