Никогаш не е доцна да започнете со вежбање. Тоа го тврдат и експертите, посебно кога станува збор за трчањето. Студија објавена во “Frontiers in Physiology” покажала дека мажите кои започнале да трчаат по 50 годишна возраст биле во можност да станат спремни и брзи исто толку колку и нивните врсници кои вежбале цел живот.
Во студијата биле вклучени 150 постари лица со просечна возраст од 68 години. Тие биле поделени на две групи, едната која започнала со трчање во помлада возраст и една која започнала после 50 годишна возраст.
Исто така тие биле споредени и со група од 59 луѓе (со просечна возраст од 73 години) кои никогаш не спортувале. Резултатите покажале дека процентот на мускулно и масно ткиво бил сличен кај двете групи и секако многу поразличен од оној на групата која никогаш не трчала.
Исто така, атлетските перформанси биле речиси исти и кај мажите кои доцна започнале со трчање. Станува збор за испитаници кои не само што повремемно џогирале туку вежбале интензивно 5 до 6 пати неделно. Што значи, никогаш не е доцна да ги стигнете своите ривали од младоста.