Ако итно не се дозволи извоз на канабис, залихите ќе ги оставиме пред влада па нека ги јадат кравите, вели претседателот на здружението на производители на канабис за медицински цели „Макканабис“, Костадин Дуковски, во интервју за ТВ24.
Смета дека Македонија има потенцијал да биде европски лидер во производство и одгледување на канабисот, но недостигаат закони и услови за бизнис. Ако итно не се донесат измените, предупредува дека фирмите ќе бидат приморани да стават клуч на врата.