Тоше Проески ќе добие улица со неговото име во село Јабука кај Панчево.
Оваа иницијатива ја предложија жителите на селото Јабука, во кое населението е претежно македонско. Предлогот бил доставен до Градското собрание на Панчево и наскоро треба да се усвои.
На овој начин, жителите на селото Јабука сакаат да му се оддолжат и да му оддадат признание на нивниот покоен сонародник кого странските медиуми го нарекоа балкански Елвис Присли.
Ова ќе биде првата улица во Србија која ќе го носи името на нашиот пејач кој загина во сообраќајна несреќа во Нова Градишка, Хрватска