Психичкото и физичкото насилство кај младите остава долгорочни последици, жртвите ретко го пријавуваат, а сведоците остануваат неми, покажува извештајот на СЗО, кој го презентираше Агенцијата за млади и спорт во рамките на кампањата „Насилството раѓа насилство, сопри го не го разгорува“. Главен акцент на кампањата е превенирање на говорот на омраза и подигање на свеста кај младите луѓе.
Насилството треба да се препознае во секаков вид и форма, потоа истото да се спречи и морално да се осуди, кај младите но и во целокупното општество, вели градоначалникот Шилегов.
Заменикот министер за внатрешни работи Нухиу вели дека од министерството ќе се потрудат да дадат што поголем придонес за стопирање на насилството и дискриминацијата. Кампањата доби и свој автобус на кој ќе биде испишан слоганот, а тој ќе сообраќа низ улиците на Скопје.