Сувите сливи во однос на друго суво овошје има дупло повеќе антиоксиданска моќ. Во составот на сувите црни сливи се наоѓа концентриран сорбитол и влакна, кои му даваат поголем лаксативен ефект во однос на свежите сливи.

Во 100 гр сливи има 87 гр вода и 11 гр јагленихидрати. Од витамините застапени се највеќе Ц и Е, бетакаротен и фолна киселина. Кога станува збор за минералите, богати се со калијум, фосфор, магнезиум и натриум.