Администрацијата во здравството, или вработени во Клинички, како и од други јавно здравствени институции ќе протестираат пред Министерството за здравство. Ова следи по одлуката за покачување на платите на медицинскиот персонал, а беше изоставен административно-помошниот персонал.
-Планираме утре протестот да се одржи во 12.30. Ние немаме време за чекање. Ќе се усвои Буџетот за 2020 година и ќе останеме без ништо, вели вработен во администрација на Клинички.
На 13 ноември имаше средба на овој персонал со првиот синдикалец Горан Беговиќ кој на средбата им соопшти дека треба да се сретнат со министерот за здравство.
-Ние немаме никаква информација оттогаш. Нити имало средба, знаеме дека само неколку пати имало несупешни обиди за средба со министерот, вели нашиот извор.
Незадоволството кај административно-помошниот пердонал порасна особено по одлуката платите на лекарите специјалисти да се зголемат за 25 проценти, а на медицинските сестри за 10 проценти. И медициснките сестри изразија револт што покачувањата за нив се во помал процент.