До редакцијата на Курир пристигна писмо во кое вработена во ООУ „Гоце Делчев“ Свети Николе обвинува дека е жртва на мобинг.
Во продолжение Ви го пренесуваме интегрално нејзиното писмо:
Се обраќам директно на директорката Билјана Мишева при ООУ ,,Гоце Делчев “ Свети Николе и нејзиниот стручен тим.
Драга директорке постои една изрека која вели вака: Ако луѓето се обидуваат да те срушат тоа значи дека ти си над нив.
Во денешниот свет каде што сите трчаат по успех, слава и моќ, моралот и правдата полека исчезнуваат.
Фер играта станува мисловна именка,а инсолентното газење преку се за да се стигне до целта станува насушна потреба.
Суетата станува дел од сечиј работен ден, зависта и љубомората на многумина им се гледа на челото, неправдата поминува неказнето.Кога во таа игра со својата работа труд и на чесен начин ќе ги престигнете амбициозните и самоуверените (главно без покритие), тие ќе почувствуваат желба за одмазда.Ќе се обидат преку интриги и сплетки да ве спуштат на нивно ниво, како што се обидовте и вие заедно со вашиот стручен тим. Со изрекување на дисциплински мерки кои надводно биле согласно потпишани во наводници од некоја си интерно формирана комисија во училиштето, каде што еден член бил принуден да дојде и да биде дел од таа комисија без негова волја и уценет, и да не набројувам понатаму,за да по два дена се јавите и да кажете дека тоа решение кое вие сте го издале со заверен печат и штембал на училиштето не важи, да поминувате молчејќи преку се иако запознаени со сите ситуации во училиштето, со однесувањето на одредена колешка (против која немам ништо лично) со ученик во соблекувалните, со премолчувањето на фактот дека ученици снимаат на час(тоа се само деца на кој некој треба да ги посоветува,да им каже каде згрешиле), па утре драга директорке ќе ве снимаат и вас не дај Боже во тоалет.
И преку тоа ќе премолчете? И кога ќе отидат учениците кај педагогот С.Д да и ја покажат снимката а таа ќе им каже:,Браво бе деца кај ви текна на тоа!(па нели се им веруваме на децата што ќе кажат,па макар тоа да се измислици).Ќе премолчите и на тоа, само ве прешувам? Ве прашувам дали ќе премолчите и на тоа дека откако бевте известени дека од мојата плата четири или пет месеци снемува 500-800 денари на месец и продолжуваат да се наплаќаат рати кои завршиле, ве прашувам дали тогаш превземавте нешто, дали превземавте дисциплински мерки или не сторивте ништо иако знаевте за се, останавте глува и слепа на случувањето.
Зошто ни ја земавте и соблекувалната која е наменета за наставници по ФЗО иако со колегата во повеќе наврати ве замоливме да не го правите тоа , не постои училиште во Македонија каде наставниците по ФЗО немаат соблекувална(место за сите потребни реквизити за на час).Вие нашата соблекувална ја направивте менза иако фондот на часови по ФЗО се зголемува од година на година.Исто така ќе ве прашам зошто откако после разговорот кај вас во вашата канцеларија ви реков дека не се чувствувам добро, дека се чувствувам лошо од се што исцениравте вие знаете што ми рековте, цитирам:на вас, на вас па ништо не ви е. Зошто откако повикав брза помош од кај вас во вашата канцеларија ми велевте да не викам, па откако ми падна телефонот од раката, почнав да не ја чувствувам (за да после биде утврдено од страна на брзата помош дека раката ми се вкочанила и од преголем претрпен стрес сум добила акушерска рака по медицинска терминологија и да се надоврзам, откако ми падна тел.
Следуваше повик од брзата помош, пак ќе ве прашам директорке ако ништо не ми е според вас зошто екипата од брзата помош решила пак да се јави и да реагира.Зошто кога брзта помош пристигнала во училиптето и сакале да влезат , вие сте ги попречувале ке ве цитирам:кој ве викнал вас?Ајде одете си овде на никој не му е лошо , но за моја среќа брзата помош била упорна и успеале да влезат за да ми пружат прва помош.Ве прашувам зошто откако психологот на нашето училиште кој е исто така медицинско лице тргнало на кај мене да пружи помош , вие сте викале на цел глас веднаш да се врати , сакате да ве цитирам Олее враќај се назад, па дури и јас ве слушнав иако бев избезумена , но сепак нашиот психолог без ваша дозвола ви се спротистави и тргна на кај мене да ми помогне.За да не се срамиме и бламираме повеќе и да не ви го постелам целиот прљав веш на жица ќе запрам тука бидејки училиштето ни се претвори во циркус наместо во образовна институција и има од кого децата да научат. Браво!
Па се прашуваме зошто стручните и млади луѓе масовно ни бегаат од државата, се прашувам дали ние заслужуваме подобро, мојот одговор е НЕ.Ова сме ние.Ова е Македонија.И да ставам крај на сето ова ќе се надоврзам и ќе ви кажам само уште неколку реченици овој свет е остро поделен на два дела: на будали и на оние кои трпат. Полно е со будали овде и лесноверни луѓе кои лесно можеш да ги купиш а ште полесно да ги заведеш “тие домаќини” ќе се изразам метафорично, мислат дека на нив им е дадено како да го потрошат целото време на еден народ,како да после нив ништо повеќе не може да се случи.Овој простор е шкрт кога треба да создаде човек со мисија, даровит човек , кој може да погледне барем еден век нанапред, поради тоа овде постојано се страда ,се живее стихијски и примитивно и сите непрекинато страдаме. Па за жал тоа е нашата Македонија.
Од сето погоре напишано и образложено се гледа дека врз мене се врши класичен МОБИНГ како личност,како жена и како вработен во оваа наставна институција.
За да не ги исполитизираме сите овие случување сето ова ќе биде доставено до штабовите на ВМРО,СДСМ , Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Форум на жени на СДСМ.
Т.А. Наставник вработен во ООУ Гоце Делчев Свети Николе