Најдобар извор на железо се црвеното месо, јајцата, џигерот, и житариците. Исто така добри извори на железо се и сушеното овошје, мешункастите растенија и зелените лисја од зеленчукот.

Препаратите од железо земајте ги само по совет од лекар!

Витаминот Ц ја помага апсорпцијата на железо. Со правилна исхрана и со земање на производи богати со витамин Ц може да се избегне недостаток од железо во текот на бременоста.

Организмот не може да го складира витаминот Ц и затоа треба да се зема секојдневно.