Појадокот има докажано позитивно дејство и врз вашето тело и врз здравјето. Но, проблемот се појавува поради тоа што избирате да јадете и на кој начин го подготвувате и консумирате.
Многумина, сметајчи дека имаат време до крајот на денот да го „сварат“ и „потрошат“ појадокот, избираат тешки производи, полни со калории, шеќери и масти, кои имаат сосема спротивно дејство од она што ни е потребно наутро.
Ова се најчестите грешки кои ги правиме:
Избегнуваме протеини
Печивата, колачите и кафето ни се вкусни, а и желудникот не се спротивставува. Но, во оваа комбинација недостигаат протеини, кои го намалуваат чувството на глад и ја одржуваат рамнотежата на шеќери во крвта. Затоа, подобро е да изберете варени јајца, јаболко, јогурт со овес или со чиа, за да бидете сити подолго време.
Претерувате со сок
Овошниот сок може да биде добар извор на витамини и минерали, но не е замена за оброк. Од друга страна, овошните сокови имаат и многу шеќер и калории, бидејќи растителните влакна се уништени во процесот на подготовка.
Јадете лоши масти
Мастите ни се потребни за правилно да функционира нашето тело, но приоритет треба да ви бидат здравите масти кои ги има во јатките, јогуртот и авокадото, а да не претерувате со сланина и путер.
Додавате вештачки засладувачи
Вештачките засладувачи може да го нарушат балансот на добри бактерии во вашето тело, но и да ја зголемат потребата од фруктоза. Затоа, наместо да додавате стевија или натрен во кафето, зачинете го со малку цимет, тоа ќе го забрза вашиот метаболизам.
Предоцна појадувате
Некои од нас појадокот го јадат неколку часа по будењето, односно кога ќе сфатат дека се премногу гладни. Тоа е одличен начин да завршите со некој бурек или бургер и да го изедете за неколку минути. Не постои точно време кога се јадат оброците, но кога е појадокот во прашање, мора да внимавате да не го изгладнете своето тело.
Не внимавате на количините
Ако некоја намирница е здрава, тоа не значи дека смееме да ја јадеме во неограничени количини. Се случува на овој начин да изедете 80-100 калории повеќе отколку кога јадете во нормални количини.
Јадете обилни оброци
Прескокнувањето на појадокот е лошо, а исто така лошо е и преполнувањето на чинијата. Повторно, ако нешто е здраво, тоа не значи дека може да се јаде неограничено. Избалансирајте го појадокот за да ви обезбеди доволно енергија за целиот ден.