На повеќе локации во Велес се засадени 250 садници на листопадни и зимзелени дрвја. Садници од туја, јасен, платан и други видови растенија се засадени во новоизградениот парк во Комплекс УЗУС, на улиците Индустриска и Благој Ѓорев, како и во Градски парк.
„Целта е подобрување на квалитетот на воздухот на територијата на Велес и зголемување на бројот на високи садници“, велат од локалната власт.
Најавуваат дека до крајот на годината ќе се засади висока вегетација и на други локации.