За да го промените начинот на исхрана потребно е време бидејќи промените треба да ги воведување постепено.
Притоа, треба да ги почитувате следниве пет принципи на здравата исхрана:
1. Секое утро пијте топла вода со лимонов сок – ова ќе го разбуди вашето тело, ќе го активира дигестивниот систем и ќе ви помогне побрзо да се ослободите од токсините во телото.
2. Еден оброк дневно без животински протеини и скроб – ова значи дека барем еднаш во денот, во еден оброк (најдобро вечерата) не треба да имате месо, млечни производи, брашно, компир, ориз, житарици и мешунки.
3. Избегнувајте рафинирани производи – наместо бел, јадете кафеав ориз, пченичното брашно заменете го со хељдино или ‘ржано, а обичниот шеќер заменете го со кафеав од шеќерна трска или со мед.
4. Овошјето јадете го пред оброк – најдобро е да го јадете како ужина меѓу појадокот и ручекот или меѓу ручекот и вечерата, како и да оставите 2-3 часа организмот да го испроцесира.
5. Зеленчукова салата пред ручек и вечера – пред ручекот и вечерата изедете малку салата од зеленчуци кои содржат ензими и растителни влакна кои го подобруваат варењето, зелена салата, морков, зелка, цвекло.