Мажите чии сопруги имаат 40 проценти поголем приход од нив се под голем стрес, особено ако финансиски зависат од понежната половина, покажува истражување во Велика Британија.

Експертите сметаат дека ваквите резултати говорат дека и понатаму постои традиционално уверување дека мажите мораат да заработуваат повеќе од нивните жени, но и дека тоа може да се одрази на нивното здравје.

„Стресот од споменатата причина може да предизвика сериозни физички, ментални, емоционални и социјални проблеми“, смета економистот Џоун Сирда.

Во истражувањето учествувале 6.000 парови, а резултатите покажале дека во браковите во кои жените остваруваат поголем приход по глава во семејството, растат процентите на неверства и разводи.

Истражувањето покажало дека на мажите пред да стапат во брак не им сметало тоа што партнерката заработува повеќе, но поради општествените норми очигледно стануваат поранливи по венчавката.