Петицијата со која се бара да се врати законот против пушење во затворен простор во функција за само неколку часа е потпишана од над 4.500 граѓани.
Власта на СДСМ во март 2018 година донесе измени на Законот за заштита од пушењето со кои се дозволи пушење и на целосно затворените тераси, бавчи и платформи надвор од угостителските објекти, што уште тогаш беше критикувано од јавноста.
Но, во последен период ни ова не се почитува, а што е пострашно – одамна никој не одговара кривично. Се пуши по кафани, дискотеки, кафулиња, па дури и во детски игротеки.
Денеска отворена е петиција со која се повикуваат граѓаните да го дадат својот потпис против пушењето во затворен простор.
Да се врати законот против пушење во затворен простор во функција, доста е труење од туѓите лоши навики, доста е усмрдување на облека, коса и тело од чадови! Се работи за вашето и нашето здравје! Се работи за здравјето на нашите деца!, се вели во петицијата.
Линкот за поддршка на петицијата е следниот, гласајте ТУКА