Виното е храна, лек и отров – единствено прашање е дозата. – Парацелзус
Сигурно ви е познато дека црвеното вино е здраво за вашиот организам, но сепак треба да го консумирате умерено, како и секој друг алкохолен пијалак. Кога ќе ја внесувате потребната доза во вашиот организам, тогаш ова вино може да има здравствени придобивки.
Истражувањата откриле дека црвеното вино е богато со флавоноиди кои се најдобри за здравјето. Флавоноидите се најпознати по антиоксидантните својства кои му помагаат на организмот да се бори против алергиските, вирусните и канцерогените елементи кои го напаѓаат.
Црвените вина содржат и антиоксиданти, кои го прават организмот отпорен на рак и кардиоваскуларни болести.
Сите црвени вина се добри за вашето здравје, па затоа е препорачливо секојдневно да пиете по една чаша. Црвеното вино е комплексен производ кој содржи неколку илјади хемиски соединенија. Ресвератрол е најважната молекула, која има позитивно влијание на кардиоваскуларниот систем, вклучувајќи и ограничување на создавање на тромбови, кои ги создаваат најголемите проблеми. Професорот Роџер Кордер, кој е експерт за кардиоваскуларни болести, правел интензивни истражувања и открил нешто кое на крајот го нарекол Француски парадокс.
Тој се запрашувал зошто толку мал процент французи има срцеви заболувања, кога нивната исхрана е навистина богата со масти. Неговите истражувања биле концентрирани на југозападниот дел од Франција, каде луѓето имале навистина долг животен век. Професорот Кордер открил дека во тој регион се произведуваат домашни вина кои содржат највеќе антиоксиданти, од сите вина на светот.
Уживајте во вкусот на прекрасното црвено вино, кое е одличен напиток особено за постудените денови, а за време на зимскиот период се практикува и греено вино. Но, внимавајте, потребно е да консумирате една до две чаши максимум во текот на денот, доколку сакате позитивно да влијаете врз вашиот организам.
Доколку пак не сте љубител на црвеното вино или не консумирате алкохол од која било причина, тогаш корисните состојки кои ги содржи можете да ги добиете и од други извори.
Флавоноидите на пример можете да ги најдете и во овошјето и зеленчукот, какаото и некои сокови. Грозјето и сокот од грозје исто така имаат корисни состојки кои ги содржи црвеното вино.