Хороскоп за 5-та недела: Најголемите машки заводници на зодијакот – би погодиле можеби кои се тие?

Овен

Мажите родени во знакот на Овен се познати како големи освојувачи на жени!

Бик

Бикот ужива во друштвото на жени и не може лесно да им одолее. Но, по неколку долги и мирни врски, обично сака да влета во страствена драма!

Близнаци

Мажот роден во знакот на Близнаци е убав, мажествен и симпатичен, иако остава впечаток на некој кој на прв поглед е незаинтересиран.

Рак

Мажот Рак би морал добро да се потруди да ја најде вистинската жена за себе, нежна и полна со разбирање за неговите внатрешни борби.

Лав

Ако сакате да го опишете Лавот со два збора тогаш тие се: ЈАС САКАМ!

Девица

Делува мирно, одмерено и сталожено, што е совршена лага за оние кои не го познаваат.

Вага

Важен му е надворешниот изглед, а особено слаби се на пријатни мириси, знаци на внимание, заведување со музика.

Шкорпија

Мажот Шкорпија е со подигната глава, со што остава впечаток на личност спремна на борба во секое време.

Стрелец

Мажот Стрелец е шармантен и насмеан, им намигнува на жените на поминување го остава бројот од телефон да му се јават и радо ќе им закаже состанок ако се заинтересирани.

Јарец

На прв поглед е ладен и резервиран, но под таа крута надворешност се крие изразито огнена личност.

Водолија

Овој маж ќе привлече многу погледи со своите сензуални усни и мажествен изглед.

Риби

Мажот Риба е осетлив по природа, нежен, како однадвор така и одвнатре.