Исхраната, расипан заб, разни заболувања, можат да придонесат за лошиот здив во вашата уста. Било кој здравствен проблем да е причината, морате да му се обратите на својот лекар.
За по природен пат да ја спречите оваа непријатност за која понекогаш ни самите не сте свесни, решение нудат некои од овие намирници.
Магдоносот е идеален избор, толку е делотворен што го неутрализира и непријатниот мирис на лукот. Изџвакајкте неколку листови и самите ќе почувствувате свежина во устата.
Зрното кафе исто така е вистински неутрализатор на лошиот здив.
Доколку имате проблем габична инфекција во устата, јаболковиот оцет и лимонот се совршен избор за целосно уништување. Секако, користете една од двете намирници, никако немојте истовремено.
Во овој случај ќе ви помогне и сода бикарбона.