Стотина граѓани каснати од крлежи во април побарале лекарска помош на Клиниката за инфективни болести. Пациенти со убод од овие инсекти секојдневно се јавуваат и во сите болници низ Македонија каде има хируршки одделенија. Засега не е регистриран ниту еден случај со сериозни инфекции кои ги пренесуваат крлежите. Лекарите советуваат граѓаните да бидат внимателни кога се движат во природа, а ако се случи некој да биде каснат да побара помош од стручно лице.
-Во крлежите сер наоѓа таа инфицирана крв која тие ја пренесуваат на луѓето. Затоа најдобро е веднаш да се извади крлежот, но тоа да го направби некој кој знае како да се извади инсектот, изјави д-р Дејан Филиповиќ, дерматовенеролог во Поликлиниката Бит Пазар.
Освен крлежите топлото време ги наезди и змиите. Последниот месец пет лица каснати од влечуги завршиле на Инфективна, но за среќа навреме им била дадена терапија и немале компликации по здравјето.