Вежбалницата воопшто не изгледа примамливо во споредба со топлите ноќи поминати на троседот, под топло ќебенце, со кесичка чипс или пуканки. А кој може да ве обвини за тоа?

Апсолутно никој. Појавата позната како зимска депресија е главен виновник што не успеваме да се придржуваме до сопствените одлуки, да се насочиме кон она што е корисно за нашето тело и да ја зачуваме витата става за време на студените денови.

Меѓутоа, и за тоа постои лек. Тој лек, всушност, се состои само од неколку совети што ќе ви помогнат пролетта да ја дочекате фит и во одлична кондиција.

Заменете ги обичните шеќери со нискокалорични засладувачи

Деновите се студени, а желбата за шеќер гори како оган. Консумирањето шеќери предизвикува лачење серотонин, хормон на среќата, а кон крајот на денот, таа желба уште повеќе се засилува.

Никој не вели дека не смеете да јадете јаглехидрати, но доколку сакате да ја задржите витата става за време на зимата, мора да го намалите консумирањето дополнителни шеќери.

За среќа, можете да уживате во омилениот десерт приготвен со нискокалорични засладувачи. Благодарение на нив, нема да се здебелите, а притоа и ќе се засладите.

Јадете повеќе омега-3 масни киселини

Омега-3 масните киселини се убедливо најздрави маснотии, кои природно се наоѓаат во многу намирници, вклучувајќи ги рибата, семките и јаткастите плодови. Не само што се одлични за намалување на болките и на вкочанетоста во зглобовите туку дејствуваат и противвоспалително.

Меѓутоа, се поставува прашањето како може да ни помогнат во зачувување на витата става за време на студените денови.

Студиите покажаа дека омега-3 масните киселини помагаат за намалување на нивото на депресија, која често се јавува во зима, а која, меѓу другото, влијае на тоа да се прејадуваме „емотивно“. Тоа го правиме бидејќи мислиме дека храната ќе нè утеши и расположи.

Како да знаете колку калории консумирате?

За да знаеме како на правилен начин да му се посветиме на зачувувањето на витата става, важно е да научиме да го читаме препорачаното дневно количество состојки наведено на нутритивната табела на производите.

Повеќето продукти имаат т.н. нутритивен семафор на предната страна, а означен е и во бои за полесно толкување.

Па, така, црвената боја сугерира потреба да бидеме умерени во консумирањето на производот, портокаловата – средно умерени, а зелената сугерира дека нема да имаме негативни последици дури и ако претераме малку.

Според официјалните препораки, вкупното количество внесени јаглехидрати во текот на денот треба да биде во следниве рамки: од 55 до 65% јаглехидрати, 30% протеини и до 15% масти.

Значи, во вашата исхрана сè треба да биде застапено така да ја зачувате линијата, но исклучиво во правилни и умерени количества.

Извор – https://www.ubavinaizdravje.mk/