Вчера во 19.35 часот од Градската општа болница „Св. Наум Охридски” било пријавено дека кај нив било донесено повредено лицето В.К.28 години од Скопје, вработен во авиокомпанија како стјуард, стои во дневниот билтен на МВР. Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека В.К. се повредил околу 18.05 часот во авионот. Авионот се подготвувал за слетување и влегол во турбуленции, при штои В.К. паднал на подот и се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски”. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Инаку во тој период на Меѓународниот аеродром во Скопје вчера слетал само авион на компанијата Wizz air.
Стјуард во Wizz air завршил во Градската болница – Сериозно се повредил при слетување на авионот на аеродромот во Скопје
Вчера во 19.35 часот од Градската општа болница „Св. Наум Охридски” било пријавено дека кај нив било донесено повредено лицето В.К.28 години од Скопје, вработен во авиокомпанија како стјуард, стои…
Categories: Здравство
Ознаки: авион, градска болница, повреди, стјуард, турбуленции
Related Articles