Владата на синоќешната седница го задолжи Министерството за внатрешни работи, Центарот за управување со кризи и Министерството за здравство да ја разгледаат можноста сите лица кои се затекнати во своите викенд куќи за одмор и рекреација во општините Маврово и Ростуше или во непосредна околина, безбедно да ги напуштат своите викенд куќи за престој, по претходна проверка од страна на епидемиолози.

Доколку не е можно спроведување и реализирање на оваа мерка, од Владата соопштуваат да се преземат мерки и активности од надлежните институции за редовен дотур на храна и продукти неопходни за овие лица.

На седницата Владата го задолжи и Министерството за внатрешни работи да ги интензивира контролите и проверките на лицата кои се упатени да спроведат самоизолација и за почитување на мерките на Владата и за истото да ја известува Владата на дневна основа.