Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб југозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до шест степени, а дневната температура од 19 до 27 степени,

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб југозападен ветер.

Утринската температура ќе достигне до четири степени, а дневната температура до 25 степени.

Во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, пообилни кон крајот на денот.

Значителна промена на времето се очекува во вторник, проследена со опаѓање на темературата, пообилни врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.