Пролетта е идеално време да почнете да мислите како да ја доведете вашата линија до совршенство. Токму затоа обидете се да го намалите вишокот килограми со некоја од двете диети што голем број нутриционисти ги препорачуваат, и тоа токму во овој период од годината, кога можноста за јадење свежо овошје и зеленчук е поголема споредбено со зимскиот период.
Станува збор за две добро познати диети, протеинската диета и пролетната диета.
Протеинска диета
Доколку сакате да се обидете да ослабнете со Протеинска диета, потребно е да бидете и физички активни, а не само да се придржувате кон правилата дадени во овој начин на исхрана. Со внимателно следење на правилата, во рок од еден месец ќе успеете да ослабнете од 7 до 13 килограми.
За да го постигнете тоа, комплетно треба да ги исфрлите слатките, а внесот на вода да биде поголем од 2,5 литри во текот на едно деноноќие.
Појадокот за време на 30 дена колку што трае диетата е постојано ист. Се јаде овошје и тоа секогаш во пар, како на пример две јаболка, две сливи и сл.
Прв ден:
Ручек: варено или печено месо со тежина од околу 300 грама, парче црн леб, свежа сезонска салата и 200 милилитри бистра супа.
Вечера: половина од ручекот, но без супа.
Втор ден:
Ручек: 3 варени јајца, свежа сезонска салата, едно парче интегрален леб.
Вечера: 1 варено јајце комбинирано со младо сирење.
Трет ден:
Ручек: печена или варена риба, комбинирана со свеж зеленчук, парче интегрален леб.
Вечера: туна од конзерва комбинирана со свежа сезонска салата.
Четврти – овошен ден
За време на овошниот ден се јаде исклучиво овошје и тоа во комбинација со многу вода.
Оваа диета се држи 30 дена, а деновите се повторуваат според дадениот распоред.
Пролетна диета
Со оваа пролетна диета за многу краток период ќе успеете да ја намалите прекумерната тежина, а меѓу другото и да го зајакнете имунитетот, бидејќи храната што се јаде е богата со витамини, минерали и растителни влакна.
Кон начинот на исхрана на оваа диета, потребно е да се придржувате околу три недели. За подобар ефект, најдобро е веднаш штом ќе станете од спиење, да се напиете една чаша вода. Пред легнување, пак, исто така испијте една чаша млака вода.
Прв ден:
Појадок: овошна салата подготвена од сезонско овошје, една чаша јогурт со ниска масленост во која ќе додадете неколку лажици овесни снегулки и мед.
Ручек: салата од сезонски зеленчук.
Вечера: 1 варено јајце, 100 грама сирење, 1 шолја зелен чај.
Втор ден
Појадок: 1 шолја чај од мајчина душица, 1 интегрален тост со сирење.
Ручек: 2 варени компири комбинирани со порција свежа сезонска салата.
Вечера: 300 грама печено јунешко месо со 200 грама варен зеленчук.
Трет ден:
Појадок: 1 шолја чај од билки, двопек, 1 варено јајце.
Ручек: крем-супа од печурки.
Вечера: салата од сезонски зеленчук, 1 варено јајце, сок од портокал.
Четврти ден:
Појадок: овошна салата, нискокалоричен јогурт со мед и неколку лажици овесни снегулки.
Ручек: салата од сезонски зеленчук, 1 варено јајце.
Вечера: 300 грама печена риба, салата со зеленчук.
Петти ден:
Појадок: 1 шолја чај од билки, интегрален леб и малку младо сирење
Ручек: 2 варени компири и салата од сезонски зеленчук.
Вечера: 100 грама варен ориз, 200 грама печено пилешко месо.
Шести ден:
Појадок: неколку рендани моркови во комбинација со младо сирење.
Ручек: овошна салата, јогурт со ниска масленост во кој ќе додадете една лажица мед и неколку лажици овесни снегулки.
Вечера: 200 грама варен зеленчук.
Седми ден:
Појадок: 1 шолја чај од билки, еден интегрален тост премачкан со сирење.
Ручек: 300 грама печено јунешко месо, сезонска салата.
Вечера: овошна салата, јогурт со ниска масленост во кој ќе додадете една лажица мед и неколку лажици овесни снегулки.
Кон оваа диета придржувајте се 21 ден. Потоа, направете пауза од една недела, а потоа доколку сакате да ослабнете дополнително, повторно продолжете ја.