Венко Филипче потврди дека имало некој проблем во министерството, после нападите од директорот на ФЗОМ, изненада слушнал за оставката на Блажевски, но истакна дека кога ќе се врати од службен пат ќе разговара со неговиот шеф на кабинет и ќе се потруди да го задржи на работното место.
„Јас не би сакал да си отиде. Веднаш штом се вратам од службен пат, ќе седнам и ќе поразговарам со него да се средат работите – истакна Филипче. Но дали е тоа навистина така, после оваа слика вие сами расудете?
И покрај тоа што проструи информација дека шефот на кабинет веќе дал оставка, пак тоа ќе го земеме со резерва бидејќи ќе се почека да се врати министерот од службен пат па потоа ќе се види што и како ќе се прави.
Од извори блиски до нашата редакција дознавме дека веќе се мести некој нов на позицијата која што ја држеше Блажевски, наместо него се очекува да дојде Бојана Атанасова, која е магистер по јавно здравје, освен тоа припадничка на понежниот пол, во секој случај освежување за министерот.