Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување на една од нашите тв куќи зборуваше и за состојбата со коронавирусот во Македонија и како властите се справуваат со истата. Тој истакна дека ако направиме споредба на состојбата со ковид-19 во однос на другите земји од регионот, Македонија е на долната половина.
– Ако ги гледаме бројките по трите основни параметри по кои можеме да ја цениме успешноста на мерките, тоа е бројот на луѓе кои што го загубиле животот на милион жители, бројот на луѓе кои што се инфицирани на милион жители и бројот на тестови направени на милион жители. И доколку се анализираат 10 држави од регионот ќе видите дека Македонија е во долната половина“, посочи Христијан Мицкоски.
Мицкоски додаде дека по бројот на луѓето кои што го загубиле животот на милион жители во регионот, ако се анализираат државите од Словенија преку Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Бугарија, Турција, Албанија, Грција, Македонија е втора по смртност веднаш позади Словенија.