Здравствени работници со Коронавирус, граѓани исто, мерките се олабавуваат, пасиште пред ГТЦ, но власта без соодветни мерки и понатаму..

Министерството за здравство ја информира јавноста дека од вкупно 247 здравствени работници заразени со КОВИД-19, од нив, 226 се оздравени. Поточно дел од здравствените работници позитивни на коронавирус се оздравени….

Министерството за здравство ја информира јавноста дека од вкупно 247 здравствени работници заразени со КОВИД-19, од нив, 226 се оздравени. Поточно дел од здравствените работници позитивни на коронавирус се оздравени. Им оддаваме чест за храброста и посветеноста и за истрајноста во овие тешки заразни времиња, да се биде прв на борбената линија не е лесно. На сите останати им посакуваме брзо закрепнување. Но, исто така, апелираме до граѓаните да ги почитуваат препораките во целост.

Но, сторијата за здравствените работници тука не завршува тие и понатаму не се задоволни од ситуацијата на терен. Се уште посочуваат по социјалните медиуми дека се соочуваат со недостиг на доволно средства за заштита, маски, ракавици, визири, скафандери и се она што е потребно за да можат безбедно да си ја извршуваат својата хумана и несебична работа во време на пандемија. Она што загружува е дека она што го имаат како надгледни средства и го користат дел е платено од сопствени средства и е недоволно во секојдневната борба со коронавирусот.

Коронавирусот сам по себе нема да исчезне, треба и понатаму да се работи на терен, по болниците, да се информираат граѓаните и борбата да продолжи со исто темпо и во континуитет се до целосно сузбивање на пандемијата и справување со вирусот КОВИД -19 велат докторите. Од друга страна неспособноста и неажурноста на надлежните институции и власта во време на пандемија и очекување на втор бран, нови жаришта, нови заболени, со (НЕ)превземените мерки, ослобудување или олабавување на мерките од карантинот, полицискиот час, пуштање на границите и градинките и насочувајќи ја целата своја енергија наместо кон пандемијата кон организација на избори во овој момент едноставно е доказ дека оваа власт е неспособна и не се грижи за граѓаните на Македонија. Истата како да посакува оваа зараза, овој вирус и што повеќе наши граѓани да се заболат и да починат, како да им одговара состојбата во која се наоѓа светот, Македонија и тоа гледаат да го претворат во нешто во нивна корист кое може или ќе може да го користат и понатаму се додека дозволуваат условите на терен, односно трае заразата со коронавирусот.

Дали некој знае или ја информираше јавноста за набавката на респираторите, до каде се набавките, тендерите, и ќе има ли реализација на истите, како и кога, прашуваат граѓаните. Воедно по социјалните мрежи се поставува уште едно прашање деновиве кое и од нашата редакција ќе го поставиме отворено и транспарентно до министерот за здравство, Венко Филипче, неговите сопартијци и колеги од власта, градскиот татко, Шилегов како и премиерот Спасовски, а тоа е следното: Колку респиратори ќе се купеа со средствата кои се потрошија за поставување на пасиштето пред ГТЦ, односно тревникот пред ГТЦ и неколкуте дрвца во вредност од 33 милиони денари?

Се очекува втор бран, се очекуваат нови заболени, вирусот КОВИД – 19  и борбата со него не е завршена, тек допрва следи тоа што треба да го очекуваме и за тоа што треба да се подготвуваме, здравствените работници во целиот процес нема да бидат поштедени. Но, добро е да се знае кој што прави и колку превзема или работи во интерес на граѓаните во оваа наша република Македонија, а тоа што во моментот расте бројот на оздравени лица или здравствени работници прво како бројка не е верна иако доаѓа од Министерството за Здравство и Министерот Филипче бидејќи истиот тој министер во безброј наврати наназад пробува и ја манипулира јавноста со лекови, вакцини, информаици за заболени, вакцинирања на внуки, тендери потпишани, јавни приватни партнерства и што уште не, а второ тие што се оздравени се благодарение на нивниот имун систем и борбата која што ја извојувал нивниот организам, сигурно не е благодарение на мерките на владата, на министерот Филипче и останатите играчи во преставата Македонскиот Ковид – 19 и колку може да ги изманупулираме, поткупиме или да не им дадеме точни информации на граѓаните на Македонија. – Се само дел од коментарите со кој се преплавени Твитер и Фејсбук како социјални мрежи.


Related Articles