Нови 30 позитивни на коронавирус потврдени вчера, најмногу во Скопје – вкупно 101 смртен случај во Македонија

Нови 30 случаи на коронавирус потврди вчера Министерството за здравство. Истите се регистрани во 8 градови, а најголем број во Скопје. Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а во…

Нови 30 случаи на коронавирус потврди вчера Министерството за здравство. Истите се регистрани во 8 градови, а најголем број во Скопје. Регистрирани се случаи во сите возрасни групи, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се по 15 лица од женски и машки пол.

Во текот на вчерашниот ден потврдени се и нови три смртни случаи на пациенти од Тетово и Велес, а на возраст од 57-78 години. За оздравени се водат 26 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Според последната статистика на Институтот за јавно здравје биле спроведени 426 тестирања од кои 112 на вработените од градинките Скопје, Битола и Велес и кај овие тестови нема регистриран позитивен случај.

Во Македонија вкупно има 1.792 случаи на Ковид-19 .

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 30 градови низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Велес.

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 856 машки и 936 женски лица.

Возраста на заболените се движи од 0 до 94 години (медијана – 46 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 389 (21,7%), највисока специфична инциденца од 134,5/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (374 заболени). Кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години се пријавени 63 и 78 случаи соодветно.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (66,6%), кашлица (54,0%), малаксаност (37,5%), треска (19,9%), главоболка (15,0%), болка во грло (14,5%) и отежнато дишење (14,3%).

Кај 578 или 32,3% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Регистриран е 251 (14,0%) случај на заболување меѓу здравствени работници и вкупно 101 смртен случај во Македонија.

Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=66). Регистрирани се 68 смртни случаи кај лица од машки и 33 кај лица од женски пол.

Извршени се вкупно 21.436 тестирања во Македонија.


Related Articles