Вкупниот број на заразени во светот достигна скоро 11 милиони, балканот се соочува со постојан пораст

Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 10 907 792 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 521 163, а оздравеле 6 088 007 луѓе. -Националната организација за…

Според последните податоци, во светот досега се регистрирани 10 907 792 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 521 163, а оздравеле 6 088 007 луѓе.

-Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти дека се регистрирани 28 нови случаи од Ковид-19, со што бројот на заразени се зголеми на 3 458 лица.

-На Кипар од направени 1 019 тестови во изминатите 24 часа не е регистриран ниту еден нов случај на Ковид-19. Бројот на заразени остана ист, односно 999 лица.

– Здравствените власти во Словенија кажаа дека епидемиолошката слика во земјата загрижувачки се влошува, откако денеска беа потврдени 21 новозаразен со коронавирусот. Овие бројки се највисоки изминативе месеци и според епидемиолозите можат дополнително да растат и во следните денови. Епидемиологот Бојана Беовиќ, која е и раководител со Советот при Министерството за здравство кој се справува со последиците со Ковид-19, смета дека најголем дел од новите случаи се увезени, но предупреди дека вирусот брзо се шири. Словенија поради зголемувањето на бројот новозаразени веќе врати дел од рестриктивните мерки, односно забрани собирање на луѓе во групи поголеми од 50 лица, а властите предупредија дека ако бројките продолжат да растат ќе бидат вратени и другите мерки за заштита.

– Во Албанија расте бројот на новозаразени, на оздравени, но и на починати лица од Ковид-19. Во изминатото деноноќие регистрирани се 82 позитивни случаи, што е една од највисоките бројки на новозаразени во едно деноноќие, од појавата на пандемијата, со што вкупната бројка сега изнесува 2 662 лица. Битката со опасниот вирус ја изгубиле три лица или 69 досега. Активни на болеста се 1.034 лица. Според статистиката за десет дена, од 20 до 30 јуни, регистрирани се 644 новозаразени, десет лица починале, додека бројот на оние кои болнички се лекуваат е поголем за 16 пациенти.

– Во Косово вчера се регистрирани 113 новозаболени од Ковид-19, а вкупно, од појавата на првите случаи, на почетокот на март годинава, има 2.991 заразен од новиот коронавирус. Бројката на заболени кои починале од појавата на пандемијата се искачи на 54. Во текот на вчерашниот ден се потврдија 67 излекувани, со што бројката на лица кои ја пребродија болеста достигна до 1.644. Активни носители на вирусот, според последниот официјален извештај, се 1.293 лица. Вчера се извршени 266, а од почетокот на пандемијата, вкупно 24.046 тестирања.

– Според најновите информации, во последните 24 часа уште 359 лица се заразени со коронавирус во Србија. Починале уште шест лица. На респиратори се 81 лице, а најмногу заразени има во Белград. Од почетокот на епидемијата, од Ковид-19 во Србија починале 287 лица.

– Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 81 новозаразени лица со коронавирусот, а двајца починале. Вкупно во Хрватска има 2.912 заразени, 2.155 закрепнале, a починале 110 луѓе.

– Во Бугарија во изминатото деноноќие се регистрирани 165 новозаразени, со што вкупниот број достигна 5.154. До сега починале 232 лица, од кои двајца во изминатите 24 часа.

– Во Црна Гора во последните 24 часа се регистрирани 40 новозаразени лица со коронавирусот, соопшти денеска Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од 40 новозаразени, 21 биле контакти на претходно потврдени случаи, два случаи биле увезени, додека кај 17 пациенти се бара изворот на зараза. Вкупниот број на регистрирани случаи од почетокот на јуни во Црна Гора е 292, има три смртни случаи, а бројот на активни случаи е 289.


Related Articles