Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во интервју дадено за ТВ Сител ја образложи сопствената одлука за награда во еднократен износ од 15.000 денари за припадниците на Министерството за внатрешни работи, нагласувајќи дека токму тие заедно со припадниците на министерството за здравство се првите во борбените редови за справување со корона вирусот давајќи го својот максимум дури и по цена на сопствените животи.
-Припадниците на МВР се во првите борбени редови заедно со припадниците на Министерството за здравство и тие деноноќно се на пунктовите, под секакви атмосферски влијанија и најпожртвувано и по цена и ризикот на сопственото здравје и здравјето на семејствата ги спроведуваат најдоследно и најпрофесионално сите одлуки и мерки на владата. МВР досега беше вклучено во бројни активности преку обезбедување на државни карантини со најризични граѓани кои што доаѓаа од најризичните региони, преку спровод на лица, преку пунктовско работење за спроведување на мерката ограничување на движењето, преку проверка на самоизолацијата, преку спровод на лица, преку борба со илегални мигранти кои што исто така постоеше ризик да бидат заболени од корона така да сметам дека оваа награда на припадниците на МВР е сосема заслужена и таа е дополнителен мотив во наредниот период истите уште повеќе да бидат ангажирани и да го дадат својот максимум како што го даваа до сега во спроведување на мерките и одлуките на владата во борба против корона вирусот, вели Чулев.
Во однос на наградата Чулев истакна дека наградата е за сите кои што директно учествувале во борбата со справување со корона вирусот во еднократен износ од 15.000 дена линеарно односно како што рече тој нема да се врши двоење по функции туку сите оние кои што учествуваат во справување со пандемијата ќе ја добијат заслужената награда.
Наградата е линеарна, значи ние не ги двоиме по функција колегите од МВР туку сите кои што директно учествуваа во борбата со справување со корона вирусот ќе ја добијат заслужената награда во еднократен износ линеарно од 15.000 денари.
На прашањето дали стравува дека власта може да го обвини за предизборен поткуп, Чулев вели дека одлуката не е политичка туку претставува валоризирање на трудот и ангажманот кои што го вложиле припадниците на МВР.
-Значи мојата одлука со цел награда и доделување на заслужено признание на припадниците на МВР воопшто не е поврзана со било каква политичка заднина заради тоа што веќе истото е направено од МЗ. Значи овие луѓе мора да ја добијат заслужената награда и признание со целиот ризик со кои што се носеа за својата пожртвуваност, така да воопшто нема никаква политичка поврзаност, и та е исто така не само заслужена награда туку и дополнителна мотивација во наредниот период истите исто така пожртвувано да се борат со корона вирусот. Значи добро е да се валоризира целокупниот ангажман и труд кои што го вложија припадниците на МВР, објасни Чулев.